Драги Коле и Стане,

Вода нема. Ја влечеме од другиот крај на градот.

Човек влече канистри со вода, додека сонува за пиво.

Гранатите и понатаму паѓаат. Ги усовршивме начините на спасување.

Глушец бега во дупка, додека влече човек што се држи за неговата опашка.

Преку многу раскрсници и понатаму мора да се претрчува. Наместо семафори стојат табли со предупредувања:

Луѓе претрчуваат улица, покрај табла „Внимавај, снајпер“.

Зимава речиси сите дрвја во градот се исечени за огрев. Останало само по некое. Едно такво (една мала бреза) видов кај Ветеринарен факултет. На неа има табла со натпис:

Кој ќе ја исече оваа бреза, ќе му биде последна!

Последното дрво во паркот, мала бреза со натпис „Кој ќе ја исече оваа бреза, ќе му биде последна“.