Епилог
Наскоро откако го напишав последното писмо, се преселивме во Краљево. Кога заминувавме од Дивљана, пријателите нè испратија до станицата: Јелена и Александра стоеја настрана, а Синиша и Ивица молчејќи гаѓаа со грутки снег едно дрво во далечината.
Три месеци подоцна тато излезе од Сараево и ни се придружи, по две години разделеност.
Овде можете да прочитате повеќе за книгата и сајтот