Сараево, 2.XII 1993.
Драги Стане и Коле,

Кај мене ништо ново:

Нема струја, нема вода, нема леб, нема телефон

Добив мала печка, која ја поставив во собата. На неа можам да сварам чај.
(Слика 1.)

Печка со доцртани веѓи и нос

Печката е мала, црна, грда. Затоа ѝ нацртав веѓи и нос. На вратичката веќе имаше кружни отвори низ кои се гледа пламенот. Кога ќе се отвори пепелникот, изгледа како да зева или да зборува.
(Слика 2.)

Печка со доцртани веѓи и нос
Многу поздрави!